Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930
Постинг
03.05.2009 20:36 - I AM MACEDONIAN
Автор: macedonialovesyou Категория: Технологии   
Прочетен: 3092 Коментари: 6 Гласове:
2

Последна промяна: 17.12.2009 16:07


Јас сум Македонец

Како е можно во 21 век некој друг да одлучува за тоа кој сум јас и што сум. Дали универзалните основни човекови права за самопределување не важат за мене ? Дали сум исклучен од универзалните декларации за заштита на основните човекови права ? Како некој станува тоа што е ? Дали владата одлучува ? црквата ? Обединетите нации ? Кој има право да одлучува етнички и национално за тоа јас кој сум и што сум ? За тоа на кој јазик зборам, какви песни пеам, какви ора играм ? Кој ни ги дал овие права и дали некој воопшто ги има ? Моите родители се Македонци, Моите дедовци и баби се Македонци и моите прадедовци и прабаби биле Македонци, како и нивните родители итн. Па што сум јас сега ? Кинез ? Не дека не сакам да бидам, но дури и да сакам да бидам не можам бидејќи сите мои предци се Македонци.

На почетокот на 20 век моите предци се бореле за да се ослободат себеси и Македонија од канџите на османлискиот окупатор.

После пет века окупација дојде време за слобода. Време османлиите да си заминат. Духот на слободата се чувствуваше насекаде и локни крв беа пролеани за истата таа да се почувствува. За несреќа слободата, Македонците ги одмина, и покрај нивната жртва за истата. Еден тиранин сега беше сменет од три, и место да ја добијат својата заслужена слобода, Македонија повторно беше окупирана и поделена.

Како прилог на тоа што пак ја изгубија својата татковина, Македонците сега го губат идентитетот и присилно беа запишувани како Срби Бугари и Грци.

Борбата за македонското име идентитет и јазик, како тогаш така и 100 години подоцна сеуште е товар на сите Македонци, и срам за Грција Бугарија ЕУ и Обединетите Нации кои сеуште инсистираат на нивното непостоење.

Моите предци се бореа тврдо за својот идентитет нација и земја Македонија, но изгледа не доволно бидејќи не ја разбираа силата на политиката и беа премногу наивни да им веруваат на своите соседи.

Со искрени срца, мислејќи дека им мислат се најдобро, стотици илјади Македонци им се приклучија на своите соседи во борбата против Османлиите, првично помогајќи да се ослободат соседите, а после и својата татковина Македонија.

Македонците цврсто веруваа во Обединета Македонија, и Македонија на Македонците. Од друга страна нивните соседи имаа други идеи. Грците, Србите, и Бугарите започнаа да се борет помеѓу себе, секој за да добие што поголемо парче од Македонија, притоа секој од нив тврдејќи дека Македонија и Македонците им припаѓаат на нив, се додека не ја потпишаа нивната поделба во 1913 год.

Историчарот Ј. С. Гандето пишува:

“...Деветнаесет века Грците не гледаа на Македонците како луѓе од иста националност...“

Полибус 1913,36;
Деморос 1958;
и Каргејтсис 1952,1;

Грците гледаа на Македонците како освојувачи на Грција

Единствено откако т.н МЕГАЛИ идеја завладеа во Грција, тие започнаа да ја спроведуваат осигурувајќи/истражувајќи во корист
на нивната политичка визија

Големите сили од тоа време, поготово, Англија, Франција, и Русија, одлучија да ја потпишат поделбата на Македонија, во согласност со нивните интереси. Наместо да се заложат за правда, демократски принципи или човекови права, беше полесно за нив да им понудат на новите балкански држави, нешто што не е нивно за давање, место да се заложат за правда, човеково достоинство и демократија. Ова е срамотата на Европа. Европјаните направија голема грешка во 20 век и Европјаните мора да ја поправаат таа своја грешка сега.

Србија иако несакајќи сепак го врати својот дел добиен од 1913 год. на Македонците, на кои и им припаѓа.

Булгарите и Грците сеуште држат повеќе две третини од Македонија. Сите три земји извршија ЕТНОЦИД, и ГЕНОЦИД, откако се здобија со македонски територии во 1913, но грција и бугарија продолжуваат да го прават истото и ден денес.

Да, дури и денес на Македонците од Грција и Булгарија им е забрането: да го користат својот јазик, да ги пејат своите песни, и слободно да го манифестираат својот етнички идентитет. Иако и двете земји се дел од ЕУ и Грција и Бугарија ги обвинуваат Македонците за крадење на “грчката“ и “бугарската“ историја, и прават се во нивна моќ за тотално да го истребат македонското име, јазик, и историја. Двете земји тврдат дека непостои такво нешто како македонска нација, обичаи, или историја.

Но што е со мене ? Моите предци, моите родители, моите дедовци и баби, моите прадедовци и прабаби, и милиони други Македонци низ светот ? Што сме ние ? Дали сме ние маса на неидентификувани луѓе, нов вид кој штотуку се појави на оваа планета од никаде ? Што е со сите песни кои ја слават Македонија, Александар, неговиот татко Филип II, Цар Самоил, Гоце Делчев, Јане Сандански. Впрочем има илјадници такви песни кои ја спомнуваат Македонија и борбата за слобода од римската империја, отоманската окупација, македонската поделба од 1913, Втората Светска војна, итн, кои не се ниту грчка ниту бугарска креација.

Македонија не е нималце спомната камоли величана, од страна на Грција или Бугарија. Ако Македонија беше Грчка или Бугарска, зошто двеве земји се согласија да ја поделат на три парчиња во 1913 година ? Зошто би делел нешто што е твое ? Само Македонците беа против делењето на Македонија, и само Македонците сакаат да ја обединат повторно.

Не сум слушнал некој грк или булгар да сака да му се врати нешто што изгубиле во 1913 година. Тие никогаш не изгубиле ништо, бидејќи не можеш да изгубиш нешто што никогаш не ти припаѓало. И Грција и Бугарија од 1913 г. ги менуваат имињата на луѓето (населението), и местата. За да избришат се македонско, Грците идат дотаму што ги менуваат и имињата на мртвите, та на нивно место пишуваат грчки имиња за покојните и одамна починати Македонци. Ова е срамотата на Европа

Ако оваа историска неправда не е исправена, и ако на Македонците не им се дадат права какви што уживаат другите нации, нема никогаш да има вистински мир на Балканот, и во Европа.

Related topics:

- Гласајте за видеото на Кајмакот; и Digg;
- Јас сум Македонец - forum.kajgana.com;
- Јас сум Македонец - macedoniantruth.org/forum;
- I am Macedonian - lpartikov.blogspot.com;
- I am Macedonian - aha-g-nocii.blogspot.com;
- I am Macedonian - Јас сум Македонка - kimi.blog.com.mk;
- Istina o Makedoniji - literanova.blogger.ba;
- I am Macedonian - Јас сум Македонец - vladotra.blog.com.mk;
- Мора да се види - macedonianhistory.blog.com.mk;
- Istina o Makedoniji - blogger.ba;
- Автор на текстот и видеото: youtube.com/user/makedoncheto;




Тагове:   Bulgaria,   Greece,   Macedonia,


Гласувай:
2



Следващ постинг
Предишен постинг

1. drakulla - Ти
03.05.2009 20:48
нали си християнин?
Като дойде Второто пришествие Бог ще ни съди всички, тогава ще ви каже какви сте! Айде оставете ни на мира вече!
цитирай
2. macedonialovesyou - ...
03.05.2009 21:00
Та ти дојде на блог кај мене, не јас кај тебе. И сега кој кого да остави на мира. :)

Имам нешто интересно за тебе...
http://mklovesyou.blog.com.mk/node/189324

цитирай
3. drakulla - казах,
03.05.2009 21:15
Бог ще съди!
цитирай
4. macedonialovesyou - ...
04.07.2009 04:36
За тоа ќе се согласиме.
цитирай
5. анонимен - Няма ли кой да го спре тоя?!
16.12.2009 19:59
Няма ли кой да го спре тоя?!
цитирай
6. macedonialovesyou - Няма ли кой да го спре тоя?! кое ?
16.12.2009 20:56
анонимен написа:
Няма ли кой да го спре тоя?!


кое ?
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: macedonialovesyou
Категория: Туризъм
Прочетен: 164073
Постинги: 16
Коментари: 68
Гласове: 27